У Охриду је прошлог викенда одржана међународна конференција о међуверском и међуцивилизицијском дијалогу. Скупу су присуствовали и представници Српске Православне Цркве, и били у центру пажње због спора око статуса Македонске православне цркве.
Владика шабачки г-дин Лаврентије био је први саговорник тамошњих медија,а његова изјава да дијалог измедју две цркве никад није прекидан, и да је пресудан за превазилажење неспоразума два народа, био је главни цитат у коментарима.
Македонски медији, уз нагласак да је владика Лаврентије, после патријарха Павла, најстарији владика Српске православне цркве, истакли су да је реч о *најумеренијем свештенику и непомирљивом заговорнику дијалога без условљавања*.
* Утрински ВЕСНИК* објавио је и разговор са владиком шабачким, који је изразио* заљење због оног сто се догађа , јер су Срби и Македонци два најближа народа и имају исту традицију и исте проблеме*. Указао је и на то да политика има утицаја на међуцрквене односе , рекавши да се *са обе стране ствари померају набоље и да ће дати Господ да се проблеми превазиђу*.
На питање да ли ће свој ауторитет и умереност искористити за иницирање наставка преговора између две цркве, господин Лаврентије је одговорио -Званично, Синоду српске православне цркве ћу пренети моје утиске са конференције у Охриду, и свакако ћу поднети извештај како сам овде примљен као епископ Српске православне цркве и апеловаћу да се превазиђе оно што смета нашим добросуседским односима.
*Политика*,30.октобар 2007. Sunday, November 11 @ 18:41:02 CET |
izvor: šabačka eparhija
+++
ИНТЕРВЈУ НА ЕПИСКОП ШАБАЧКИ НА СРПСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ГОСПОДИН ЛАВРЕНТИЈЕ ЗА МАКЕДОНСКОТО РАДИО – РАДИО СКОПЈЕ
Свето Стаменов posted in Интервју on Јануари 8th, 2008
28 октомври 2007, Охрид
– Ваша светост, Вие сте епископ Шабачки и претставник на Српската православна црква на Охридската конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог. Како ја оценувате работата на овој значаен собир што беше одржан во Република Македонија?
– Ова е еден голем придонес за религиозното морално просветување на луѓето, бидејќи ја нема таа сила која може позитивно да влијае врз создавањето на карактерот на човекот, врз чувањето на човекот од морална расипаност како што го може тоа религијата и затоа оваа тема е неверојатно благородна – улогата на религијата во воспитувањето на општеството и цивилизацијата. Слични конференции се многу чести на Запад, но фала му на Бога, еве и овде почна да се одржуваат и неверојатно колку е големо интересирањето. Овде сретнав многу луѓе кои ги сретнував на Запад, кои многу добро ги познаваат овие теми и кои со својот придонес многу помогнале овој собир да остави толку убав и длабок впечаток кај сите присутни. Би требало вакви собири да се одржуваат почесто и во разни краишта на нашата земја и на нашето општество. Видов дека овде има учесници од сите краишта на светот и тоа луѓе кои подоцна ќе ги пренесат впечатоците од овој собир во своите цркви и ќе го применат тоа во својот живот и во животот на својата верска заедница.
– Колку овој Охридски собир може да придонесе за создавање поголема толеранција и комуникација меѓу разните верски конфесии и религиозни групи?
– Може многу. Пред се, ова меѓусебно познанство ги зближува луѓето. Еден голем црковен човек рекол: не може никого да го засакате додека не го запознаете. Луѓето овде се среќаваат, луѓе од разни конфесии и религии и преку тоа запознавање се зближуваат. И кога ќе се разделат од тука, остануваат во писмена врска и контакт, така што ова нема да трае два дена, туку луѓето за ова ќе дискутираат во своите цркви и ќе бидат во врска и ќе разменуваат мислења, така што несогледливо голема работа која е организирана во нашите средини, овде на Балканот, а ние сме овде, видовте и самите, мултирелигиозна средина каде што вакви средби се насушна потреба. Ние видовме кај нас таму горе многу полошо отколку кај вас тука долу за време на Втората светска војна како беа катастрофални негативните односи меѓу одделни религии и нации и затоа не би требало да се повтори тоа; а второ ние сме христијани, деца божји, и Христос рекол: „Само ако имате љубов меѓу себе ќе се познае дека сте мои ученици. Ако немате љубов тогаш сте прапорец кој тропа”.
– Ваша светост, како ги оценувате положбата на Српската православна црква во Република Србија и односот меѓу државата и црквата?
– Па, фала Богу, засега е добро. Ние се уште го имаме стариот устав, но толеранцијата меѓу државата и црквата е се подобра и подобра. Кога се премина од оној еднопартиски систем кон повеќепартиски систем, условите за опстојување на црквата се многу подобри и ние денес, фала му на Бога, имаме целосно разбирање од надлежните власти за сите потреби што ги има црквата, така што можеме да бидеме многу благодарни.
– Во Република Србија пред шест години е воведена веронаука во основните училишта. Какви се првичните резултати?
– Неверојатно добри. Јас сметам дека тоа е најголем придонес на нашиот век во животот на српската црква. Децата беа препуштени самите на себе, а откако почна верската настава пред шест години се чувствува колку децата се многу подобри, многу помалку пороци има меѓу нив, помалку дрога, цигари и други негативни влијанија и децата се повеќе им стануваат пример на родителите и ги учат родителите на верата. Често родителите од детето научуваат да го кажат „Оче наш“ напамет или симболот на верата, а тоа особено се чувствува во општеството. Големо е позитивното влијание на верската настава и кај децата има голем интерес. Во мојата епархија 94,6 насто од децата посетуваат верска настава, 32 илјади деца како алтеративен предмет го имаат и општественото воспитување. Меѓутоа, децата многу повеќе се определуваат за веронауката, отколку за општественото воспитување, веројатно и под влијание на родителите. Родителите сакаат нивните деца да бидат убаво воспитани, па знаат дека црквата нема да ги научи на ништо негативно.
– Ваша светост, меѓу Српската православна црква и Македонската православна црква постои долгогодишен спор околу афтокефалноста на Македонска православна црква. Како го коментирате Вие тоа?
– Слушнете да ви кажам! Ниту српскиот народ, ниту македонскиот народ не знаат што е афтокефалност, туку тоа некои свештеници и епископи во свое време го стокмиле. Јас сметам дека, еве, ваквите средби многу ќе придонесат за нашето меѓусебно зближување. Македонскиот народ и српскиот народ се два најблиски народа, соседи сме, јазикот ни е речиси ист, традицијата ни е иста, и грев е ние да имаме подобри односи со некои неправославни таму, отколку со овој народ и јас цврсто верувам, ако Бог даде живот и здравје, дека позитивно ќе влијаат. Само треба почесто да се сретнуваме, да се дружиме, да се среќаваме. Јас службувајќи на Запад сретнав повеќе Јапонци отколку Македонци. Повторувам: не можеш никого да засакаш додека не го запознаеш и би требало ваквите средби да бидат што почести. Еве, јас со претставниците на вашата црква, со епископите, почнувајќи од архиепископот па натаму секој ден, па речиси секој час, се среќавав и толку се запознавме и зближивме така што јас се чувствувам како да сум во Шабац дома кај мене или во Патријаршијата во Белград, а додека не доаѓав овде, тоа е кога човек не се познава – тоа е далеку, подалеку сме. Далеку од очите, вели народот, далеку од срцето.
– Верувате ли вие дека конечно ќе се воспостават нови релации меѓу двете цркви?
– Апсолутно верувам и се надевам. Вие знаете дека постојат разговори, комисии кои работат на тоа зближување. Вие знаете, едно време престанаа, а беа одржувани во различни краишта, во Ниш, овде во Охрид беше една итн. И сега тие повторно продолжуваат, така што тоа ќе биде. Но, тука само љубовте може да победи, тука не постои никаков декрет одозгора. Вие не можете да го натерате човекот да сака. Некого можете да го натерате да почитува, ама да сака не можете. И тоа мора да дојде како плод на љубов, а тоа ќе дојде ако меѓусебно се сретнуваме и се зближуваме. Кога, да речеме, нашите верници би доаѓале да ги посетат убавините тука во Македонија и вашите да дојдат да ги посетат манастирите наши, меѓусебно да се зближиме тоа, всушност, многу повеќе би придонесло, бидејќи тоа единство и љубов се многу посилни кога доаѓаат одоздола, од народот, отколку што одозгора се наметнуваат со некој указ и така натаму. Мислам дека, ако Бог даде живот и здравје, треба и едната и другата страна да вложат максимум љубов и добра волја. Видовме добра волја и од едната и од другата страна. Ако Господ даде живот и здравје, треба само да се продолжи и Господ ќе помогне.
– Ваша светост, неизбежно се поставува прашањето за Косово. Каде Вие го гледате решението на косовскиот проблем?
– Косово е лоша рана на телото на нашиот народ и светиот господ знае како ќе се реши неговото прашање, бидејќи тоа е и меѓународен проблем. Него не го решава самиот српскиот народ, според тоа како ќе биде и што ќе биде никој не знае.
– Ваша светост, Ви благодарам што бевте гостин на Македонското радио!
– Ви благодарам! Ми беше задоволство и чест!
Свето Стаменов
izvor: MRT Blog
… [Trackback]
[…] Read More Info here on that Topic: novinar.de/2008/01/20/podsecamo-vladika-lavrentije-odobrovoljio-makedonce.html […]